Рома по победата
од 3-0 на домашен терен против ЦСКА Москва на домашен терен претходното коло,
обезбеди и победа на гостински терен кај истиот ривал, малку потешко од
очекувањата, но трите бода за Римската волчица се освоени по победата од 1-2.
Манолас уште во
4. минута ги доведе гостите во почетно водство кое остана до паузата, а по само
пет минути игра во второто полувреме Сигурдсон израмни на 1-1. Конечните 1-2 во
корист на калчолигашот ги постави Пелегрини во 59. минута. Домаќините играа со
играч помалку од 56. минута откако Магнусон заработи втор жолт картон а
по автоматизам предвреме беше испратен во соблекувалната.
Со оваа победа
Рома има девет бода, три во однос на Реал Мадрид кој вечерва гостува кај
Викторија Плзењ. ЦСКА Москва има четири, три повеќе во однос на
последнопласираната Викторија Плзењ.
Валенсија се
помачи да стигне до трите бода од дуелот против Јанг Бојс на домашен терен
откако славеше со 3-1, а гостите пружија максимален отпор. Шпанскиот прволигаш
прв дојде до водство со голот на Мина во 14. минута, но гостите преку Асале во
37. минута израмни на 1-1.
Сепак, Мина со
својот втор гол на мечот, овој пат во 42. минута повторно ги врати домаќините
во водство од 2-1. Конечниот исход од средбата на Местаља го постави Солер во
56. минута. Од 77. минута Швајцарците играа со играч помалку откако Саного поради груб прекршок заработи директен црвен картон.
Валенсија сега
има пет бода и се искачи на второто место во групата „Х“ каде вечерва се
среќаваат Јувентус и Манчестер јунајтед. Јувентус е лидер во оваа конкуренција
со максимални 9 бода, Манчестер јунајтед има 4, а Јанг Бојс 1.