166
Клубот од Сицилија забележа нов пораз, овој пат на Ренцо Барбера славеше Рома.
Илија Несторовски, кој вечерва ја носеше капитенската лента, се надеваше дека со гол ќе го прослави 27. роденден и Македонецот по пет минути игра ја затресе мрежата на „Римската Волчица“, но погодокот беше поништен поради офсајд.
На спротивната страна, Ел Шарави погоди за 0-1 во 22. минута, а потоа Един Џеко стрелаше прецизно во 76. минута за 0-2.
Точка на натпреварот стави Перез во судиското надоплнување.