Рома донира 150.000 евра за навивачот на Ливерпул кој беше повреден од хулигани на „Волчицата“

by
1 минути читање

Претседателот на
италијанскиот прволигаш Рома, Џејмс Палота потврди дека клубот од Рим ќе донира
150.000 евра за лечење и рехабилитација на навивачот на Ливерпул, Шон Кокс, кој
се здоби со повреди во пресрет на дуелот помеѓу Ливерпул и 
Рома на Енфилд.

Од Рома соопштија
дека клубот ќе донира 100.000 евра, а самиот Палота ќе издвои додатни 50.000
евра.

Тоа што му се
случи на Шон Кокс, не би смеело никогаш да му се случи на никого кој тргнал да
поседи фудбалски натпревар. Мислите ни се со тој настан од денот откако се
случи сето тоа, до денес, се надеваме дека Шон ќе успее да се рехабилитира во
целост што е можно побрзо
“ рече Палота.

Кокс беше
повреден од страна на хулигани на „Волчицата“ пред полуфиналниот двобој помеѓу Ливерпул и Рома во Лигата на шампионите. Како за потсетување, од италијанскиот
прволигаш носеа маици на кои упатија поддршка за англискиот навивач со порака „Напред
Шон“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани