„Граѓаните“ две
сезони по ред се шампиони на Англија и немаат намера лесно да го препуштат
врвот. Медиумите од „островото“ пишуваат дека Пеп Гвардиола планира да потроши
200 милиони фунти за уште посилен тим.
Иако левата
бековска позиција се чини дека е најслабата алка поради честите повреди на
Бенжамин Менди, Шпанецот како приоритет за засилување има ангажман на нов
централен дефанзивец, двајца фудбалери од средниот ред и еден офанзивец.
Матајс де Лихт од
Ајакс е опција за засилување на одбраната, Холанѓанецот е желба на неколку
клубови и се чини дека Барселона е најблиску до неговиот потпис, па Манчестер
Сити разгледува и други алтернативи како Хари Мегваер, се говори дека Пеп
Гвардиола е голем фан на фудбалерот од Лестер.
Родри од Атлетико
Мадрид е идентификуван како идеално засилување за средниот ред и наследник на
Фернандињо, а во случај Илкај Гундоган да замине, шампионот на Англија ќе се
обиде да го донесе перспективниот Хусем Ауар од Лион.
Што се однесува
до офанзивата, името на Лука Јовиќ од Ајнтрахт е на листата, а „граѓаните“ внимателно го
следат и суперталентираниот Жоао Феликс од Бенфика.