Ристовски преку социјалните мрежи го моли Бруно Фернандеш да остане во Спортинг (ФОТО)

by
1 минути читање

24-годишниот Бруно Фернандеш постигна 31 гол оваа сезона и сруши голем рекорд, стана играч од средниот ред кој постигнал најмногу голови во една сезона во Европа.

Неговите игри го навлекоа интересот на големите клубови, а се верува дека следна негова дестинација ќе биде Манчестер Сити кој ќе му плати на Спортинг Лисабон 55 милиони евра за овој трансфер.

Навивачите на Спортинг Лисабон покренаа иницијатива за останување на Бруно Фернандеш, а на неа се приклучи и македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски.

На инстаграм профилот на Бруно Фернандеш, Ристовски му честиташе за рекордот и му порача да остане.

„Честитки брату… ОСТАНИ…“, напиша Стефан Ристовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани