Ристовски: Играме против Барса? Па што… не се плашам од Меси!

by
2 минути читање

Спортинг Лисабон вечерва (20,45) на домашен терен ја
пречекува Барселона во второто коло од групата „Д“ од Лигата на шампионите, по
гостинската победа во Грција кај Олимпијакос од 2-3, Португалскиот тим ќе мора
да се помачи за бодови против големиот фаворит.

25 годишниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски
веќе дебитираше за својот нов тим каде пристигна ова лето, во Пиреја ги одигра
завршните минути од мечот, а прашање е дали ќе добие прилика за настап вечерва,
со оглед на тоа што неговата конкуренција, Италијанецот Кристиано Пичини, а
нашиот фудбалер на последниот меч против Мореиренсе на гостински терен не доби
прилика за настап, а мечот го проследи од клупата за резервни фудбалери.

Како и да е, бележиме изјава на Ристовски која ја
пренесуваат хрватските медиуми, ако се земе во предвид фактот што тој беше
клучен во освојувањето на двојната титула на Ријека лани, тогаш воопшто не
треба да чуди што нашиот интернационалец е во фокусот на вниманието таму.

Ух… Се уште не сум стопроцентно адаптиран во тимот, а
веќе доаѓа таква екипа, според мене број еден во светот на фудбалот, на моменти
се запрашувам себе си дали е ова вистина. Но, знам дека сакам да бидам на
врвот, морам брзо да се прилагодам за да бидам од помош за Спортинг во борбата
за повисоки цели. Јас сум таков карактер да секогаш се „палам“ и од никого не
се плашам, дали играм против Меси или било кој друг… Ќе биде тоа добар
натпревар
“ вели Ристовски.

Како за потсетување, Стефан Ристовски ова лето премина во
Спортинг Лисабон како позајмен фудбалер, но клаузулата беше активирана со
неговото деби по што хрватскиот првак заработи 2,5 милиони евра на име на обештетување
за Македонецот.


Извор: vecernji.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани