Резервниот голман на Сенегал позираше со медалот… и со фамозниот пешкир! (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Резервниот голман на Сенегал, Јевен Диуф на социјалните мрежи се пофали со златниот медал од Африканскиот куп на Нации, но и со пешкирот на својот колега Едуар Менди, кој храбро го чуваше од мароканските фудбалери и децата задолжени за топките.

Сенегал вчера триумфираше на АФКОН во хаотично финале против Мароко, натпреварот беше обележан со бизарни цени.

Во прв момент не беше забележано, но благодарение на социјалните мрежи, целиот свет го виде одвратното однесување и валканите тактики на мароканските фудбалери и децата задолжени за топките, кои цело време се обидуваа да го украдат пешкирот на голманот Едуар Менди.

Во еден момент, резервниот голман Јевен Диуф застана зад голот и како бодигард го чуваше пешкир, кој Едуар Менди го користеше за да си ги брише главата и ракавиците.

Па откако победија во финалето и стигнаа до трофејот на Африканскиот куп на нации, Јевен Диуф се пофали со златниот медал, но и со фамозниот пешкир.

„Бев изненаден исто како и вие кога видов дека се обидуваат да му го земат пешкирот. Истото веќе го видовме и на натпреварот против Нигерија. Не знам зошто го направија тоа, мислам дека ова не е фер-плеј однесување“ – рече Диуф по крајот на финалето во Рабат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×