Вечерва во во фудбалската елита повторно ќе има возбудувања во Лигата на шампионите, а на програмата се четири дуели.
Во центарот на вниманието е дербито на „Етихад“, каде Манчестер сити ќе се обиде да направи чудо против Реал Мадрид. „Кралевите“ пристигнуваат со убедлива предност од 3-0 од првиот меч, во кој блескаше Федерико Валверде со хет-трик. Засега кај „кралевите“ и понатаму е неизвесно дали Килијан Мбапе ќе биде подготвен за настап, Французинот ја пропушти првата средба во Мадрид.
На „Стемфорд Бриџ“, пак, Челси ќе се обиде да ја надомести високата негатива од 5-2 против ПСЖ, кој е актуелен европски шампион, но исто така има и со желба за одмазда по поразот во финалето на Светското клупско првенство минатото лето, а по првиот дуел на одличен пат се да го елиминираат англискиот гигант.
Најголема неизвесност се очекува во Лондон, каде Арсенал го пречекува Баер Леверкузен. По ремито 1-1 во Германија, двете екипи практично тргнуваат од почеток и сè е отворено.
Програмата од 18:45 часот ќе биде отворена со дуелот во Лисабон, каде Спортинг се соочува со сензацијата на сезоната, Бодо/Глимт. Норвешкиот состав е на чекор од нов подвиг откако во реваншот носи висока предност од 3-0 од првиот натпревар.