Ретко се гледа ваква тепачка на пријателски натпревар: Летаа шамари и боксови на мечот Бетис-Комо (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Голема мешаница и тепачка на пријателскиот натпревар помеѓу Бетис и Комо

Тестот помеѓу Бетис и Комо донесе голема мешаница и тепачка која ретко се гледа на пријателски натпревар, главни актери беа Пабло Форналс и Максимо Пероне.

Срамни сцени на пријателскиот натпревар помеѓу Бетис и Комо, пред финишот на првиот дел настана голема мешаница со туркање и влечење, а летаа и боксови.

Главни актери беа Пабло Форналс и Максимо Перено, фудбалерот на Бетис му удри шлаканица на противникот, кој возврати со иста мера, му удри бокс на Шпанецот и тука започна хаосот.

Најлудо беше кога Чучо Ернандез се затрча и како на видео играца со скок проба да му удри бокс на Максимо Пероне, но го промаши и боксот заврши во лицето на неговиот соиграч Натан.

Потоа притрчаа и фудбалерите од клупата, но за среќа страстите брзо се смирија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×