Пелистер со предност од 2-1 по првиот меч отпатува на гостувањето кај Академија Пандев која атакуваше на своето прво финале во Купот на Македонија.
Пелистерци поведоа со гол на Марковски во 62. минута, но Академија Пандев успеа да го сврти мечот и со погодоци на Атанасов и Крстовски дојде до победа од идентични 2-1.
Патникот во финалето го решаваа пеналите а во нивната реализација подобра беше екипата на Пелистер која и оваа сезона ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија.
Таму е екипата на Шкендија која претходно со 2-0 ја совлада Ренова, првиот меч заврши нерешено 1-1.
Ибраими со два погодоци беше херојот на лидерот во првенството кој ќе има шанси да се закити и со двојната круна оваа сезона доколку го победи Пелистер во финалето.