Реал Мадрид тргна по една од најголемите ѕвезди на Баерн Минхен, а интересот на шпанскиот гигант веќе почнува да создава главоболки во Минхен.
Според информациите, францускиот репрезентативец Мајкл Олисе побарал состанок со раководството на Баерн веднаш по завршувањето на Светското првенство, откако добил сигнали за сериозен интерес од „кралевите“.
Иако германскиот шампион јасно стави до знаење дека нема намера да се раздели со офанзивецот дури ниту за понуда од 200 милиони евра, во клубот постои загриженост дека интересот од Реал Мадрид може да влијае врз желбата на фудбалерот да ја промени средината.
Олисе зад себе има извонредна сезона во дресот на Баерн. Французинот беше еден од најдобрите играчи на баварците со учинок од 22 голови и 31 асистенција во сите натпреварувања, па не е изненадување што го привлече вниманието на европскиот шампион.