Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната на третата позиција на табелата откако вечерва загуби со 3-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад. Избраниците на Зидан добро почнаа и поведоа со деби голот на Диаз веќе во 6. минута.
Сепак, Мерино изедначи на 1-1 во 26. минута а пред финишот на првиот де, Ваљехо доби црвен за играње со рака во својот шеснесетник. Вилијан Жозе не го искористи пеналот, но во продолжението од натпреварот, Залдуа донесе предност од 2-1 за 17 годишниот Баренечеа да ги постави конечните 3-1.
За „кралевите“ ова беше 17-ти пораз оваа сезона во сите натпреварување, и последен пат загубиле на толку многу натпревари пред 20 години, во сезоната 1998/99.
Барселона со 2-0 го совлада Хетафе и одигра за Валенсија, која со триумф од 3-1 над Алавес се искачи на четвртата позиција на табелата.
Севиља одигра 1-1 на гостувањето кај Атлетико Мадрид и колку толку ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите.
Виљареал и Ваљадолид обезбедија опстанок со триумф од 1-0 над Еибар, односно победа од 1-2 на гостувањето кај Рајо.
Селта загуби со 3-1 кај Атлетик Билбао но треба да се случи чудо во последното коло за тимот од Виго да испадне благодарејќи на погодокот на Енис Барди, кој во финишот донесе триумф на Леванте од 1-2 на гостувањето кај Жирона.
Во натпервари кои немаа резултатско значење, Бетис со 2-1 ја совлада Уеска, а Еспањол со 0-2 триумфираше кај Леганес.