Фудбалерите на Реал Мадрид лесно го решија Манчестер Сити (3-1) во рамките на реванш дуелот од плеј-офот во Лигата на шампионите. Со вкупен резултат 6-3 „кралевите“ продолжија во осминафиналето на елитното европско натпреварување.
Инспиратор на победата на Реал беше Килиан Мбапе. Француската ѕвезда постигна хет-трик против Сити и ги сруши надежите на англискиот првак за следна фаза. Уште во четвртата минута Мбапе го отвори резултатот, а вторпат погоди во 33. минута. Точка на победата и двомечот тој стави со голот во 61. минута за 3-0. Во завршницата мала утеха за Сити беше погодокот на Нико Гонзалез во втората дополнителна минута за конечните 3-1.
На овој натпревар по долга пауза повторно заигра Давид Алаба, а вреди да се напомене дека Сити беше без Ерлинг Халанд кој остана на клупата поради повреда на коленото.
ПСЖ и покрај победата на првиот меч на гости кај Брест (0-3), немаше милост ниту на „Паркот на принцовите“ па го декласира ривалот со огромни 7-0. Избраниците на Луис Енрике одиграа страшен натпревар и ја израдуваа својата публика. Во првиот дел предност донесоа Бредли Баркола и Квича Кварацкелија. Во продолжението погодуваа Витиња, Дезире Дуе, Нуно Мендеш, Гонсало Рамос и младиот Сени Мајулу.