Реал Мадрид
пресече кој ќе биде прв голман следната сезоа, Тибо Куртоа ја доби довербата. Во
емисијата „Хугонес“ на Ла Секста беше објавено дека на Кејлорс Навас му е кажано
дека не е дел од плановите за сезоната 2019/20 па треба да се бара нов клуб.
Ова го потврди и
Марка, која пренесе дека ваквите вести на Кејлор Навас му ги соопштил лично Зинедин
Зидан. Репрезентативецот од Коста Рика бил прилично вознемирен бидејќи очекувал
следната сезона да му се понуди фер шанса да се бори за место помеѓу стативите.
Сепак,
Французинот му објаснил дека не може ништо да стори бидејќи бордот на Реал веќе
донел одлука.
Кејлор Навас ќе
биде стартер против Бетис во последното коло и ќе добие прилика да се прости од
публиката.