Реал Мадрид нуди 30 милиони евра за Донарума?

by
1 минути читање

Реал Мадрид е во постојан контакт со агентот на Донарума, Мино Рајола и се подготвени да го направат првиот официјален чекор.

Договорот на Донарума со Милан истекува по крајот на наредната сезона и понуда од 30 милиони евра би била премногу добра за да се одбие.

Милан синоќа и официјално соопшти дека Донарума не сака да потпише нов договор со клубот, по што кренаа лавина негативни реакции за младиот голман.

Јасно е дека тој нема повеќе да брани во Милан, останува само да видиме дали „росонерите“ ќе го продадат ова лето или ќе го чуваат и наредната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани