Реал Мадрид нема да пазари во јануари, летоска ќе има еден приоритет

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува АС, Реал Мадрид нема да пазари во зимскиот преоден рок, целиот фокус ќе биде ставен на летниот преоден рок и главен приоритет ќе биде ангажман на нов фудбалер од средниот ред.

За неколку дена ќе биде отворен зимскиот трансфер пазар, но како што објави АС, ова нема да промени ништо за Реал Мадрид, клубот од „Бернабеу“ нема да носи засилувања.

Целиот фокус ќе биде на летниот преоден рок, и како главен приоритет ќе биде ангажман на нов фудбалер од средниот ред кој ќе донесе креативност.

Витиња од ПСЖ се посочува како идеално засилувања, но ова е практично невозможна мисија, „светците“ нема да сакаат да седнат на маса со Реал Мадрид по она што се случи со Килијан Мбапе.

Перспективниот Кес Смит од АЗ Алкмар котира високо на листата, 19 годишното момче важи за еден од најталентираните играчи во Европа и подолго време е во бележникот на „кралевите“.

Адам Вортон од Кристал Палас исто таа бил понуден, но Реал Мадрид во моментов не сака посериозно да загризе за услугите на Англичанецот.

Нико Паз од Комо сигурно ќе биде вратен, а ќе се бара и засилување на одбраната, но пред да биде донесена конечна одлука по ова прашање, ќе треба да се види што ќе се случи со Антонио Ридигер и Давид Алаба.

Марк Геи од Кристал Палас е на листата со желби, а можно е да биде вратен и Џакобо Рамон, кој исто така импресионира на позајмица во Комо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×