Реал Мадрид ќе бара ново кратење на платите од фудбалерите

by
2 минути читање

Реал Мадрид ќе
бара од своите фудбалери ново кратење на платите за да се преброди финансиската
криза која сериозно навлезе во клубот поради пандемијата со коронавирусот.

Целта на Кралевите
е јасна, истата е да се избегнат големи загуби на крајот од актуелната сезона, а се верува дека во клубот нема да го следат примерот на
Барселона и да бара од фудбалерите кратење на платите за оваа сезона,
а сето тоа преку
еден вид одлагање, туку ќе инсистира на кратење на платите со взаемна согласност
за да се спаси клубот од финансиска гледна точка на подолг рок.

Загубата од 91
милион евра ланската сезона беа на некој начин и повеќе од потреба за да се
побара од фудбалерите кратење на платите за 10%, а тоа ќе треба да се повтори
доколку не се пронајде светлина во тунелот по кризата со ковид-19 на крајот од
актуелната сезона.

Кога веќе го
споменавме најлутиот ривал на Кралевите, во однос на политиката на Барселона,
Каталонците се обидуваат преку преговори со фудбалерите да договорат еден вид
одлагање на нивните актуелни плати со тоа што по автоматизам се нудат пониски
плати за сезонава, со ветување кон фудбалерите дека освен тоа што се
ќе се врати по старо во условите во
договорите, ќе им бидат исплатени и дополнителни средсва во следниот период, а
ситуацијата би се вратила по старо веднаш штом се стабилизира состојбата.

Инаку,
фудбалерите на Реал Мадрид веќе дадоа зелено светло и согласност за барањето на
клубот да добиваат пократки плати за 10% уште во април годинава, меѓутоа
извесно е дека од нив ќе биде побарано повторно истото, откако клубот се
соочува со голема загуба од 300 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани