Реал Мадрид испрати скаути за натпреварите на Бока Јуниорс

by
1 минути читање

Додека целиот
фудбалски свет е во исчекување на конечната разврка околу иднината на Хулен
Лопетеги на клупата на Реал Мадрид, и воедно дебатира за истата, шпанскиот
гигант продолжува да бара потенцијални засилувања во својот тим.

Извесно е дека
Кралевите се сомневаат во квалитетите на Маркос Љоренте, па така, клубот
пријавил интерес за Колумбиецот од редовите на Бока Јуниорс, Вилмар Бариорс, а
пратени се и скаути за да го следат во живо.

Бока Јуниорс
славеше со 2-0 против Палмеирас во првата пресметка помеѓу овие две екипи во
полуфиналето од Копа Либертадорес, а тоа дава можност славниот аргетински клуб
во декември да ги одмери силите со Реал Мадрид на светското клупско првенство.

Аргентинскиот
клуб пред само неколку седмици постигна договор за продолжување на соработката
со Бариорс, тој се обврза на верност до 2021. година, а откупната клаузула во
неговиот договор сега изнесува 24 милиони евра.

Тотенхем
беше првата екипа која испрати понуда за Бариос, но, тогаш Бока Јуниорс ги
прекина преговорите, сега 25 годишниот фудбалер од средниот ред има откупна
клаузула која сигурно не би спречила трансфер во некој од европските гиганти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани