Реал Мадрид има само 4% шанси за пласман во полуфинале, ЛШ има нов фаворит за трофејот (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Суперкомпјутерот на Опта направи нова пресметка за пласманот во Лигата на шампиони, по тешкиот пораз на Емирати, Рел Мадрид има само 4% шанса за пласман во полуфинале, додека пак Арсенал по триумфот од 3-0 е главен фаворит за трофејот.

„Топчиите“ се прв фаворит за трофејот во Лигата на шампиони откако синоќа со 3-0 го совлада Реал Мадрид во првиот натпревар во четвртфиналето.

Суперкомпјутерот на Опта пресметка дека Арсенал има 96% шанси за прогрес во полуфинале, 54,2% за пласман во финале и 28,4% за триумф во ЛШ.

Реал Мадрид пак се најде на спротивниот дел од анализата, „кралевите“ имаат само 4% шанса за полуфинале, 2,2% за финале, и 1,1% за одбрана на трофејот.

Останува да се види дали момците на Карло Анчелоти ќе можат да приредат ново чудо во најелитното европско натпреварување, кое го имаат освоено дури 15 пати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×