Вечерва „Шпигел“ повикувајќи се на документите од „Фудбал ликс“ пренесе дека Серхио Рамос бил позитивен на допинг тест кој бил направен по победата над Јувентус во Кардиф во финалето од Лигата на шампионите.
УЕФА никогаш не го обелоденила случајот, кој завршил во фиока а на крајот „жртвено јагне“ бил докторот на „Кралевите“ кои се превзел вина за недоразбирањето и кажал дека поради еуфоријата по триумфот погрешно запишал какви инекции му дал на играчот.
Реал Мадрид експресно се огласи по овие сериозни обвинувања и издаде соопштение со кое застана зад својот капитен.
„Во врска со сторијата на „Шпигел“ за нашиот капитен Серхио Рамос, клубот сака да го каже следново:
1. Серхио Рамос никогаш не ги прекршил правилата за анти-допинг.
2. УЕФА побара специфични информации и веднаш го затвори случајот за кој се пишува, откако беа направени тестови од страна на експерти на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и експерти на УЕФА.
3. Што се однесува до останатата содржина на текстот, клубот нема да даде друг коментар, со оглед на тоа дека доказите се неосновани“ – гласи известувањето за медиумите.