Реал имал уште еден инцидент со допинг контролата на УЕФА, Роналдо бил во центарот на случувањата

by
1 минути читање

Шпигел вечерва објави дека Серхио Рамос паднал на допинг тест направен по финалето од Лигата на шампионите во Кардиф кога Реал Мадрид го совлада Јувентус.

„Кралевите“ веднаш ги негираа ваквите обвинувања и порачаа дека не сакаат да ги коментираат останатите информации на германскиот весник.

Во веста за Рамос, Шпигел објави и за друг инцидент при допинг контрола во кој во центарот на случувањата бил Кристијано Роналдо, кој креирал тензична атмосфера.

На 1. февруари 2017, двајца службеници на УЕФА заминале за Мадрид на ненајавена контрола на 10 играчи на Реал. На Кристијано Роналдо не му се допаднало ова, се пожалил дека секогаш него го одбираат за тестови а ситуацијата кулминирала кога имало два неуспешни обиди да се извади крв од ЦР7.

Откако била земена крв од Роналдо и Крос, на големо изненадување во собата влегле луѓе од медицинскиот персонал на Реал Мадрид и тие ваделе крв од останатите осум играчи.

Правилата на УЕФА се јасни, клубовите мора да обезбедат соодвени услови за службениците непречено да ги извршат тестовите, играчите немаат право да кажат кој да ги придружува кога се дава примерек од урина, ниту пак кој доктор ќе зема крв. Исто така службениците на УЕФА имаат право на три обиди да пронајдат вена за да земат крв.

Па УЕФА испратила две писма, едно до генералниот директор Хосе Анхел Санчез и едно до Кристијано Роналдо и побарало објаснување за настанатиот инцидент.

Одговорот на Хосе Анхел Санчез бил дека службениците кои дошле да ги спроведат тестовите немале соодветно знаење и експертиза за тоа и затоа ситуацијата излегла од контрола. Директорот на Реал исто така застанал и во одбрана на Кристијано Роналдо и посочил дека ЦР7 замерките ги упатил на пристоен начин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани