Реал има пет отсутни пред реваншот со Бенфика во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид со минимална предност ќе го дочека реваншот против Бенфика, но ситуацијата во таборот на „кралевите“ воопшто не е идеална.

Тренерот Алваро Арбелоа остана без уште една опција, откако Дин Хујсен отпадна од комбинација за настап. Младиот дефанзивец одигра солидно на првиот меч во Лисабон, но по средбата почувствувал болка, го прескокна дуелот со Осасуна за викендот, а откако не се појави ниту на последниот тренинг, стана јасно дека нема да биде во составот.

Проблемите за Реал не завршуваат тука. Во одбраната подолго време е отсутен Едер Милитао, додека во средниот ред недостигаат Џуд Белингем и Дани Себаљос поради повреди. Во нападот, пак, Родриго ќе го пропушти и вториот натпревар поради суспензија, па Арбелоа ќе мора да комбинира со ограничен избор во сите линии од тимот во обид да ја зачува предноста и да обезбеди пласман понатаму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×