Клаудио Раниери е именуван за нов тренер на Фулам, тој доаѓа на местото од Славиша Јокановиќ кој доби отказ по очајниот старт на тимот.
Фулам под водство на Јокановиќ имаше само една победа на 12 натпревари во Премиерлигата, па трпението на раководството заврши и тој е разрешен од функцијата, на негово место доаѓ Раниери.
„Чест е да се прифати поканата од г-дин Кн и можноста да се води Фулам, фантастичен клуб со традиција и историја. Составот на Фулам има исклучителен талент кој е спротивен на позицијата на табелата на кој се наоаѓа. Знам дека овој тим е способен за многу подобри перфроманси, ќе работиме веднаш на тоа и ќе се подготвиме за мечот против Саутемптон на Кревин Котиџ“, вели Раниери.
Претседателот на Фулам, Шахид Кан вели дека не сакал да му даде отказ на Јокановиќ, но резултатите го налагале тоа.
„Не сакав да имам ваков момент поврзан со Славиша, но нашиот пат оваа сезона ме натаера да го направам ова што мислам дека е коректна одлука во ова време, за играчите, за клубот и за навивачите. Славиша секогаш ќе остане ценет и почитуван од сите за тоа што го врати Фудбал во најдобрата лига. Се надевам дека сите во фамилијата Фулам го сакаат Славиша и заедно со мене му посакуваат успех и среќа во следната негова работа“, изјави претседателот на клубот, Шахид Кан.