Раниери откри каков стил на игра ќе негува Фулам под неговото кормило

by
1 минути читање

Клаудио Раниери
седна на клупата на Фулам, последно пласираната екипа во моментов на табелата
во Премиерлигата по 12 одиграни кола, на таа позиција го наследи Славиша
Јокановиќ кој доби отказ по слабите изданија на екипата од Лондон.

Јокановиќ го
предводеше Фулам до враќање во елитното фудбалско друштво на Англија, но, таму
забележа само една победа по што неговата иднина во клубот висеше на конец а
дилемите се решија со врачување на отказ за српскиот стратег.

Србинот негуваше
еден специфичен стил на игра во Фулам, имплементираше офанзивна игра, онолку
колку што дозволува тој состав со кој располагаше, но, истото беше тешко да се
адаптира и во Премиерлигата која бара нешто повеќе, веројатно Раниери има
поинакви идеи од својот претходник, па веќе откри за јавноста каков фудбал
треба да очекуваме од Фулам во продолжението од сезоната.

Како италијански
тренер, за мене дефанзивниот пристап на играта е најдобар за тимот
“ рече
Раниери.

Многу е важно да
се има голема визија во дефанзивната линија, тука не мислам само на бековите,
или голманот, говорам за целиот тим
“ додаде тој.

За мене,
тимскиот дух е многу важен, но, знам дека имаме добар состав, боречкиот дух е
доста важен, се надевам дека навивачите ќе ни пружат максимална поддршка,
потребни ни се, нема да се предадеме
“ заклучи Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани