95
По сензационалното освојување на Премиерлигата со Лестер, Клаудио Раниери значително си ја крена репутацијата. Во моментов е слободен тренер, но не му недостасуваат понуди.
Информациите велат дека Бундеслигашот, Волфсбург прв испратил конкретна понуда за Раниери, откако го отпушти Валериен Исмаел по поразот од Вердер. Но одговорот на италијанскиот стратег бил негативен.
Информациите велат дека Раниери сака мал одмор пред да се врати на тренерската работа, а во меѓувреме очекува нови понуди на негова адреса.
Италијанецот преферира да остане во Премиерлигата.