Рамос повторно се жали од Ернандез Ернандез: Со овој судија ништо не ме изненадува, ми здосади сево ова со него

by
2 минути читање

Реал Мадрид
доживеа шок на гостувањето кај Леванте на нашиот Енис Барди, со што фаворитот
запиша минимален пораз на тоа гостување кое сега им носи минус два бода во
однос на лидерот Барселона по 25 одиграни меча во „Примера“.

Капитенот на „Кралевите“,
Серхио Рамос имаше големи забелешки од делењето на правдата на мечот во
Валенсија, а прстот го впери кон судијата Алехандро Хозе Ернандез Ернандез.

Рамос инаку доби
жолт картон на мечот уште во десеттата минута, а не е прв пат тој да има
забелешки на Ернандез, откако во декември Реал Мадрид се жалеше дека не им биле
доделени два пенали во дербито против Барселона кое заврши без голови.

Со овој судија
ништо не ме изненадува, ве наведува да мислите дека е премногу решителен,
претходно можеше да се разговара со судиите, сега ова е навистина срамно, на
едно лично ниво. По мечот, јас го запрашав дали сево ова е од лични причини

рече Рамос за жолтиот картон уште во раната фаза на мечот, а дефанзивецот смета
дека Реал Мадрид бил оштетен за два пенали.

Критериумите се
различни, тие доделуваат пенал кој не е во моја корист за играње со рака во
Суперкупот на Шпанија, денеска, постоеа две такви ситуации и немаше одлука за
пенал
“ додава тој.

Мене ми
здосадува сево ова со Ернандез Ернандез, судиите претходно имаа почит кон
капитените на екипите, можеше да се разговара со нив, ароганцијата е нешто што
или ја имаш, или ја немаш
“ заклучи Рамос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани