Рамос го предупредува Конте: Почитта се заслужува, не се наметнува!

by
1 минути читање

Иднината на Хулен Лопетеги со недели е под знак прашалник откако Реал Мадрид влезе во резултатска криза и на четири меча немаше постигнато гол. Лошата серија продолжи против Леванте, но стратегот некако го преживеа овој пораз.

Сепак, денеска „Кралевите“ загубија со убедливи 5-1 на Камп Ноу и медиумите се убедени дека утре тој ќе добие отказ. Антонио Конте се најавува како негов наследник и во текот на следната недела Италијанецот треба да пристигне во Мадрид.

„Секогаш сум велел, ние не ги носиме одлуките, тие доаѓаат од горе. Можам само да кажам дека ние до смрт сме со тренерот. Ќе видиме што ќе се случи“ – вели капитенот Серхио Рамос.

„Јас секогаш сум имал добар однос со сите тренери и она што му го кажав на Лопетеги ќе остане помеѓу нас. Денеска не сме разговарале бидејќи немало момент за разговор“.

Кога беше запрашан дали цврстата рака на Антонио Конте и строгиот режим кој го поставува Италијанецот ќе функционира на Бернабеу, дефанзивецот одговори: „Почитта се заслужува, не се наметнува. Без разлика за кое тренерско име станува збор. Имаме освоено се со тренери кои сите добро ги знаат. Верувам дека менаџирањето на соблекувалната е многу поважно од познавањето кое го има еден тренер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани