Пол Погба и
Манчестер јунајтед, тема која од поодамна е актуелна низ јавноста околу можното
заминување на Французинот од редовите на Премиерлигашот, опција која долго се
појавуваше и низ медиумите, но никако не дојде до реализација на едно такво
сценарио.
Агентот на
фудбалерот, Мино Рајол не потврди дека неговиот клиент ќе си замине од редовите
на Премиерлигашот уште во јануарскиот преоден рок, но, го потврди веројатно и
најважното на таа тема, Погба заврши со Манчестер јунајтед.
„Можам да кажам
дека готово е со Погба во Манчестер јунајтед“ официјално потврди Рајола во
изјавата за „Тутоспорт“.
Контроверзниот
агент одби да прецизира за идниот клуб на Погба, а од поодамна е јасно дека
Реал Мадрид и Јувентус се помеѓу главните фаворити за потписот на фудбалерот од
средниот ред.
Погба запиша 13
настапи за Манчестер јунајтед оваа сезона во сите конкуренции, меѓутоа и самиот
тој призна дека се соочува со потешкотии во тој клуб, а тој инаку погоди во
победата на „Црвените ѓаволи“ на гости кај Вест Хем изминатиов викенд.
Актуелниот
договор на Погба со Манчестер јунајтед истекува во 2022 година, што му дава
добра предност на клубот од „Олд трафорд“ во обидите да се извлече што е можно
поголемо обештетување за фудбалерот.