434
Во дел од интервјуто за „Тутоспорт“, Мино Рајола смета дека Јувентус требале да се потрудат да го ангажираат Ибрахимовиќ.
„Јувентус требаше да го потпише Златан Ибрахимовиќ, тој би бил перфектен партнер во нападот за Кристијано Роналдо“, вели Рајола.
Но, Ибрахимовиќ потпиша за Милан и веројатно таму и ќе ја заврши кариерата.
Во истото интервју Рајола изјави дека Погба кој исто така му е клиент, нема да потпише нов договор со Јунајтед и колку побрзо биде продаден толку подобро за двете страни.