61
Лион стигна до
посакуваната победа над Сент Етјен во првиот меч во рамките на 14 коло од
француската Лига 1, домаќините со еден гол дојдоа до трите бода, а мечот сепак
го одбележа црвениот картон кој го доби дефанзивецот Рафаел.
Поранешниот фудбалер
на Манчестер јунајтед при водство на својот тим само осум минути по голот кој
го постигна Денајер направи застрашувачки старт по кој веднаш доби директен
црвен картон.