Рабио нема понуда од ПСЖ, тој е на чекор до Јувентус

by
1 минути читање

Доцна синоќа се појавија гласини во Франција дека новиот директор на ПСЖ, Леонардо му доставил понуда на Рабио да остане во францускиот клуб.

„Сакам тоа и формално да го негирам. Прочитав дека Адриен не се појавил на состанок со Леонардо или дека одбил продолжување на договорот. Тоа апсолутна лага, немало разговор меѓу мене и Леонардо. Откако тој се врати јас и тој само еднаш зборувавме на телефон и културно се збогувавме. Немало понуда претходно, нема ни сега и нема ни да има. Нема ни грам промена“, вели мајка му Вероник Рабио.

Запрашана дали следен клуб на Рабио ќе биде Јувентус, таа одговори:

„Знаете како е во фудбалот. Подобро е да кажете колку што е можно помалку додека работата не е завршена“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани