Рабио и кажал ‘ДА’ на Барса?

by
1 минути читање

Адриен Рабио веќе
дал зелено светло за трансфер во Барселона во летниот преоден рок идната
година, а 23 годишниот фудбалер наводно нема да стави потпис на нов договор со
ПСЖ, тврди Мундо Депортиво.

Фудбалерот од
средниот ред на францускиот првак има важечки договор со клубот од Париз токму
до идното лето, извесен период се поврзува со трансфер во неколку европски
гиганти, а се споменуваа Манчестер Сити, Јувентус, Милан и Ливерпул.

Неофицијалните
информации говорат дека ПСЖ дава максимален отпор за да го задржи Рабио во
своите редови, последната понуда до фудбалерот за нов договор била годишна
плата од 9 милиони евра плус бонуси, што е за два милиони евра повисока во
однос на претходната.

Се шпекулира дека
Барселона е на пол позицијата во трката за потписот на Рабио, кој наводно би
потпишал нов договор со ПСЖ само во случај да добие понуда од 10 милиони евра
годишна плата.

Информациите
велат дека веќе имало средба на претставници на Рабио со челници на Каталонците,
кои и претходно беа поврзувани со Французинот, но, наместо него, ги ангажираа
Мело и Видал, како замени за Иниеста и Паулињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани