ПСЖ со половина милион неделно го „мами“ Салах кон Франција!

by 24 фудбал
1 минути читање

ПСЖ не се откажува од идејата да го ангажира Мохамед Салах, иако крилниот фудбалер се договори со Ливерпул за продолжување на соработката.

Очигледно во Париз сметаат дека доаѓање на Салах би го сменило тимот во целост, па се подготвени сериозно да се истакнат. Според тамошните медиуми Египќанецот ќе добие понуда која ретко кој би ја одбил во фудбалска Европа.

Новинарот Ромен Коле Годин откри дека ПСЖ подготвува платат од 500.000 евра неделно за Салах. Тоа на годишно ниво доаѓа околу 28 милиони евра, што ќе го направи еден од најплатените на светот. Останува да се види дали фудбалерот е подготвен за промена, особено по ваквите најави за ултра-богата понуда.

Салах со настапите за Ливерпул стана клупска легенда, досега има 375 натпревари во нозете и 231 погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани