ПСЖ во преговори со Милан за Донарума, Росонерите освен кеш, посакуваат и трампа

by
1 минути читање

Џанлуиџи Донарума
летово би можел да го напушти Милан, во текот на вчерашниот ден во Италија
пренесоа дека ПСЖ веќе ги почнал преговорите со Милан за негов ангажман, а „Тутоспорт“
веќе објави и детали од потенцијалниот договор помеѓу обата клуба.

Францускиот првак
се вели дека е подготвен да се избори за потписот на младиот голман, обата
клуба се во преговори, а се споменува дека можно е да дојде и до трампа во
самиот договор, во која би биле вклучени Донарума од едната, како и Алфонс
Ареола од другата страна.

Од Милан го
проценуваат нивниот голман на околу 50 милиони евра, меѓутоа посакуваат во договорот
со ПСЖ да биде вметнат и францускиот голман, кој на трансфер пазарот се смета
дека има вредност околу 20 милиони евра.

Со тоа, барањето
на Росонерите е 50 милиони евра во кеш, како и дополнително да го добијат
Ареола, дали ќе се оствари нивното барање, останува да видиме во периодот кој
претстои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани