ПСЖ ќе му врачи отказ на Емери

by
1 минути читање

По победата од 4-0 во првиот меч, позицијата на Емери во ПСЖ изгледаше повеќе од стабилна, но се се промени многу брзо.

Францускиот шампион прокоцка неверојатна предност а вината за поразот ја сноси тренерот.

Информациите од француските медиуми велат дека раководството е разочарано и гневно и на тренерот и на фудбалерите и подготвува промени.

ПСЖ нема да избрзува со отказот и се очекува тој да биде врачен по крајот на сезоната, но доколку тимот продолжи да игра бледо и во првенство не е исклучена можноста и за порана разделба.

На десет кола пред крајот во француската лига ПСЖ има три бода помалку од Монако и ризикува да ја загуби и домашната круна. Доколку тоа се случи, авантурата на Емери во ПСЖ ќе биде неславна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани