1,8K
Париз
Сент-Жермен, Реал Мадрид и Јувентус влегоа во трката за ѕвездата на Тотенхем,
Кристиан Ериксен, кому му преостанаа уште 18 месеци во договорот со
Премиерлигашот.
Express пишува
дека преговорите помеѓу Ериксен и Тотенхем веќе од поодамна се закочени, а тоа
ја отворило вратата за повеќето гиганти низ Европа да се обидат да стигнат до
потписот на Данецот кој котира високо на европскиот трансфер пазар.
Tuttosport пред извесен
период го поврза плејмејкерот на Тотенхем со трансфер во Јувентус, а сега, на
италијанскиот првак, во трката им се приклучија уште и ПСЖ и Реал Мадрид.