80
Париз Сент Жермен
наводно му порачал на својот фудбалер од средниот ред, Адриен Рабио да да си
замине од клубот, поточно се пресели во Барселона, откако од таму биле
фрустрирани од неговиот однос за време на преговорите.
Договорот на
Рабио со ПСЖ истекува идното лето, а Париз Јунајтед пренесува дека дошло до
голема тензија по преговорите помеѓу него и спортскиот директор на клубот,
Антеро Енрике во текот на летото.
Наводно Рабио
веќе му порачал на својот агент дека Барселона е добра опција за него доколку
постои можност за договор со Каталонците, а тимот од Камп Ноу подолг период се
споменува како негова идна дестинација.