Првите две засилувања на Арсенал под водство на Емери ќе бидат бесплатни?

by
1 минути читање

Фелаини и Лихштајнер може да бидат едни од првите засилувања на Арсенал под водство на Унаи Емери.

Се шекулира дека Марун Фелаини на кој договорот му истекува на крајот од овој месец, одбил месечна плата од 80.000 фунти од Манчестер јунајтед со цел да се пресели во Арсенал.

Тој е мета и на Милан, но Белгиецот сака да остане во Англија и да биде дел од новиот проект на топчиите.

Фелаини е една од желбите на Емери, тој го сакаше играчот на Јунајтед и кога беше тренер на ПСЖ, па конечно сега има шанса да го донесе и тоа како слободен фудбалер.

Арсенал е во преговори и со бекот на Јувентус, Лихштајнер кој овој месец ја завршува соработката со италијанскиот шампион.

Преговорите ги прокоментира и самиот Лихштајнер но не можеше да зборува во детали за нив.

„Се уште нема ништо договорено. Не можам да коментирам додека траат преговорите. Ништо не се знае додека не биде готово, затоа е интересен фудбалот. Мислам дека сите го знаеме тоа“, изјави Лихштајнер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани