Првиот човек на Гезтепе: Јаховиќ бараше три пати поголема плата

by
1 минути читање

Претседателот на
турскиот суперлигаш Гезтепе, Мехмет Сепил се огласи во јавноста по заминувањето
на најдобриот фудбалер на тимот од Измир, македонскиот бомбардер Адис Јаховиќ.

Искрено се надевав дека
ќе го задржиме во нашите редови, но таа надеж падна во вода во последните
денови од преодниот рок. Имавме долга и исцрпна средба по мечот со Кајсери,
Јаховиќ инсистираше на своите барања
“ рече Сепил.

Тој додава дека нашиот
напаѓач поставил високи услови во преговорите со Гезтепе, а во тој момент
клубот не бил во можност истите да ги исполни.

Неговото барање беше
два ипол, или три пати поголема плата во однос на таа која ја имаше, постоеше
опција да сочекаме до крајот на сезоната за да ги договориме сите детали а тој
да добие екстра бонус во својот договор
“ додаде тој.

Од Коњаспор ме
контактираа, ги согледав можностите и понудата на тој клуб и истата ја земав во
предвид, бев убеден дека останувањето на Јаховиќ нема да донесе бенефит за
Гезтепе во такви услови
“ заклучи Сепил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани