По цели 11
натпревари во низа проследени со победи, Арсенал вчера беше сопрен од Кристал
Палас, кој пред своја публика со два удари од белата точка стигна до реми
против својот градски ривал од 2-2.
Сепак, по само 45
минути игра на Селхурст Парк арената, еден од најдобрите поединци на Топчиите,
Ектор Бељерин беше повлечен од игра од страна на Унаи Емери, причина за тоа е
повреда на шпанскиот бек.
Емери потврди
дека Бељерин се здобил со повреда, изрази надеж дека истата не е од посериозен
карактер, а додаде дека не знае дали бекот ќе може да му помогне на своите
соиграчи за дербито против Ливерпул во идното коло од Премиерлигата.
„Да, тој е
повреден, се надевам дека повредата не е од посериозен карактер, има
мускулатурни болки, не знам дали ќе биде во можност да настапи против Ливерпул“
рече Емери, а Бељерин на социјалните мрежи испрати порака во која наведе дека
ќе даде максимум од себе за брзо да се врати на терените.
class="twitter-tweet" data-lang="en">