Претседателот на турскиот гигант Бешикташ, Фикрет Орман, вели дека неговиот клуб ќе го ослободи од обврските својот асистент тренер Гути доколку тој се појави како опција за клупата на Реал Мадрид, каде извесен период се шпекулира дека се подготвува отказ за Хулен Лопетеги.
Според пишувањата
на АС беше именуван како еден од главните фаворити за преземање на кормилото на
гигантот, тој има важечки договор со тимот од Истанбул до крајот на сезоната,
но, од таму порачуваат дека не би имал никакви пречки за да се врати во Мадрид.
„Никој досега не
не контактирал за Гути, немаме ништо слушнато за тоа, но, доколку добиеме
барање од Реал Мадрид за него, ние ќе бидеме многу среќни за да помогнеме“
изјави Орман за АС.
„Доколку Гути се
врати во Мадрид, тоа ќе не направи нас многу горди, тој ја заслужува таа
позиција“ додаде Орман.
41 годишниот Гути
во Истанбул работи заедно со поискусниот Шењол Ѓунеш, сигурно дека има доволно
искуство од соработката со 66 годишниот турски стратег кој веќе четврта сезона
е на клупата на турскиот гигант.