Пресврт во случајот Донарума, семејството на играчот на средба со лидерите на Милан

by
1 минути читање

Суперталентираниот
голман во четвртокот, преку својот агент Мино Рајола, ги извести лидерите на
Милан дека нема да го продолжи договорот.

По ова следуваа низа реакции и голем број на навреди на адреса на Џиџо
Донарума.

Протестите кулминираа
во Полска, каде на Европското првенство за играчи до 21 година, фанови на „Росонерите“
со лажни долари го „наполнија“ голот на Италијанецот.

Но последните
извештаи на медиумите од Италија најавуваат драматичен пресврт во целиот
случај.

Добро упатениот
новинар Џанлука Ди Марцио пишува дека најверојатно утре ќе има средба помеѓу
семејството на играчот и раководството на Милан.

Исто така,
братучедот на Мино Рајола, Енцо ќе отпатува во Полска за директно да разговара
со Џиџо Донарума.

Извештаите велат
дека „Росонерите“ во мирување ги ставиле обидите за ангажмана на нов голман.

Се верува дека веќе
е договорен Матија Перин од Џенова, но Милан најпрво уште еднаш ќе се обиде да ја
продолжи соработката со Џиџо Донарума. .

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани