63
„Сан“ пишува дека Диего Коста начелно постигнал согласност со Челси за потпишување на нов пет годишен договор со плата од 220.000 фунти неделно плус бонуси.
Коста во јануари сакаше да се пресели во Кина, но Челси не го пушти. Односите сега се „испеглани“ и се зборува дека соработката ќе продолжи и во иднина.
„Сега се е во ред. Диего е навистина важен фудбалер за нас. Ситуацијата е многу јасна. Тој е среќен да остане со нас и да се бори за титули. Дали ќе остане долго? Да, мислам дека ќе остане“ – смета Антонио Конте.