20
Случајот меѓу Винисиус Жуниор и Џанлука Престијани добива нова димензија по дуелот меѓу Реал Мадрид и Бенфика во УЕФА Лигата на шампиони.
Аргентинецот првично беше обвинет за расистичка навреда, но според информациите од истрагата тој пред УЕФА изјавил дека употребил хомофобичен збор, а не расистички термин.
Во својата одбрана, Престијани тврди дека бил испровоциран и дека Винисиус прв го навредил, нарекувајќи го „џуџе“ поради неговата висина од 166 сантиметри, по што реагирал во афект. УЕФА ја продолжува дисциплинската постапка, а конечната одлука допрва се очекува.
Сепак, Престијани е суспендиран за денешниот реванш и нема да игра во Мадрид.