Премиерлигашите не се шалат, Евертон сака двајца фудбалери на Барселона!

by
0 минути читање

„Скај Спортс“ дознава дека Евертон се интересира за дефанзивците на Барселона, Лукас Дињ и Јери Мина.

Англискиот тим веќе направил и конкретен чекор да дојде до овие двајца фудбалери кои се во втор план во Барса и не се недопирливи.

Дињ кој во Барселона е од 2016 година има само 29 натпревари за тимот, тој во моментов е на турнејата во САД на шпанскиот шампион.

Јери Мина кој имаше импресивен настап за Колумбија на Светското првенство, се уште е на одмор. Колумбиецот во Барселона дојде на полусезона и има одиграно само неколку меча.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани