397
Eкипата која е лидер во Третата лига во Копривничко-крижевската жушанија во Хрватска, Јадран-Галеб доби закана од премиерлигашот Брајтон.
Имено, овој хрватски нисколигаш користи речиси идентично лого како клубот од Премиер лигата.
Од англискиот клуб го забележале и испратиле допис во кој бараат појаснување за очигледната копија.
„Беше упатена, да кажаме ајде, закана без тужба. Очигледно го забележале, иако претходно никогаш не реагирале. Затоа немаше правна основа да не го почитуваме барањето“, изјави адвокатот Јосип Маѓариќ кој помогнал грбот да се отстрани од страниците на Жупанскиот и хрватскиот фудбалски сојуз.