Манчестер јунајтед е на добар пат да ја добие трансфер битката со Реал Мадрид за перспективниот Лени Јоро, дефанзивецот е на пат кон „островото“ на лекарски прегледи со „ѓаволите“.
18 годишниот Лени Јоро е пред трансфер на Олд Трафорд, неколку извори пренесуваат дека младото момче е на пат кон Англија за да ги помине редовните лекарски прегледи и да ги финалзиира преговорите со Манчестер јунајтед.
Се веруваше дека Французинот преферира преселба во Реал Мадрид, но „кралевите“ не сакаа да трошат многу пари на овој трансфер.
„Ѓаволите“ го искористија ова, доставија предлог вреден околу 52 милиони фунти (околу 62 милиони евра) и Лил без размислување ја прифати понудата.
„Кралевите“ потоа тргнаа кон планот Б, го замолија играчот да ги почека 12 месеци и бесплатно да се пресели на Бернабеу во 2025, но Манчестер јунајтед успеа да го убеди Лени Јоро дека тие се следната дестинација во неговата кариера.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека клубот од Олд Трафорд понудил огромна плата, како и ветување дека ќе биде важен дел од новиот проект.
Ова било доволно за Лени Јоро да заборави на желбата да го облече белиот дрес на Реал Мадрид, и како што пишува Дејвид Орнстајн, момчето веќе е на пат кон Англија.
🚨 EXCLUSIVE: Leny Yoro flying to UK to take medical + finalise personal terms as Man Utd push to complete signing from Lille. 18yo defender initially favoured #RMFC but #LOSC accepted initial €62m #MUFC bid – still work to do but now close @TheAthleticFC https://t.co/Vz5gTFH2Xx
— David Ornstein (@David_Ornstein) July 17, 2024