Хулен Лопетеги имаше потпишано тригодишен договор со Реал Мадрид вреден 18 милиони евра, шест милиони евра по сезона.
Доколку останеше во тие три години ќе инкасираше 18 милиони евра, но шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид нема да му даде целосно обештетување.
За отказот Лопетеги ќе добие само уште плата за шест месеци, поточно ќе си замине со плус три милиони евра на неговата сметка.
Двете страни постигнале договор таа да биде оштетата за предвремениот раскин на соработката. Лопетеги сега ќе може да бара нов ангажман, а Реал Мадрид може да биде задоволен што ќе помине со само три милиони евра за отказот на стратегот.
Лопетеги за кратко време се промовираше во еден од најголемите тренерски губитници. На само два дена пред почетокот на Светското првенство доби отказ од шпанската репрезентација, а во Реал Мадрид не го помина ниту октомври.