Повредени и уапсени хулигани на мечот од ЛШ во Минхен

by 24 фудбал
1 минути читање

Две лица се повредени на трибините на „Алијанц Арена“ по инцидентот што го предизвикаа навивачите на Спортинг Лисабон, кои во текот на натпреварот против Баерн Минхен активираа огномет и пиротехника. Атмосферата накратко излезе од контрола, а дел од навивачите на домашниот тим исто така користеа пиротехнички средства.

Полицијата објави дека 29 годишен навивач кој воопшто не бил дел од групата што го предизвика хаосот завршил во болница со повреда на увото и изгореници. Повреден е и 23 годишен полицаец кој почувствувал последици од силната бучава што се создаде на трибините. Надлежните приведоа двајца осомничени на возраст од 38 и 47 години. Тие ќе бидат однесени пред судија кој треба да ја донесе конечната одлука за можно изрекување затворска казна.

Пиротехника имаше и од делот на домашните навивачи. Токму јужната трибина е дом на најжестоките навивачки групи на Баерн и очекуваното казнување ќе значи сериозен удар за атмосферата на следните натпревари на „Алијанц Арена“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×