Потврден трансферот на Миовски на „Ајброкс“: Кога слушнав дека Ренџерс ме бара, не се мислев многу!

by bojan
1 минути читање

Глазгов Ренџерс попладнево го потврди трансферот на Бојан Миовски, Македонецот вели дека не се мислел кога ја добил понудата и со нетрпение чека да игра пред навивачите на „Ајброкс“.

Бојан Миовски по една година во Жирона се враќа во Шкотска, но Македонецот сега ќе настапува за еден од великаните – Глазгов Ренџерс.

„Задоволни сме што може да го соопштиме трансферот на Бојан Миовски од Жирона. Напаѓачот стави потпис на четиригодишен договор и ќе биде засилувањето број 11 ова лето“ – се вели во соопштението.

За преселбата на „Ајброкс“, Бојан Миовски вели: „Возбуден сум што го одбрав Ренџерс за следниот чекор во кариерата. Ова е огромен клуб со неверојатна историја и чест е да се биде дел од оваа приказна“.

„Моментов кога дознав за интересот, знаев дека мора да се преселам тука. Со нетрпение чекам да почнам да ги запознаат моите соиграчи и да играм пред овие одлични навивачи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×